Трипуновски: Обновено стопанството на сточарот Никола по поплавите
Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски го посети сточарот Никола Колев, кој крајот на јануари претрпе штета од поплавите што го зафатија неговото стопанство, беа оштетени и објектите и сточниот фонд. При денешната посета, министерот му посака на сточарот Никола со здравје да го користи новоизградениот објект, како и сточниот фонд кој го доби благодарение на солидарноста на сточарите од цела држава. „Објектот е изграден со помош на општествено одговорни...