Хаос без контрола: градот претворен во воена зона!
Главниот град на Албанија, Тирана, синоќа беше зафатен од сериозни немири за време на протест организиран од опозициската Демократска партија, предводена од Сали Бериша. Демонстрациите, кои траеја неколку часа, ескалираа во насилство пред владините институции. Групи демонстранти фрлаа молотови коктели кон објектите на Владата, Министерството за внатрешни работи и седиштето на владејачката партија. Во текот на инцидентите, беа запалени полициско возило и повеќе контејнери, а штети беа нанесени и...