Меџити: ВЛЕН на 9 мај ќе одржи конгрес и станува политичка партија
Коалицијата ВЛЕН ќе го одржи својот прв конгрес на 9 мај, на Денот на Европа, при што ќе се официјализира нејзината трансформација во политичка партија, најави градоначалникот на Општина Чаир и еден од лидерите на коалицијата, Изет Меџити, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5. Меџити истакна дека датумот е намерно избран за да ја симболизира посветеноста на ВЛЕН кон европските вредности и интегративните процеси. Според него, новиот политички субјект ќе биде позициониран како десничарска партиј...