Унгарија пред историски избори: Орбан првпат сериозно загрозен по 16 години власт
За една недела, на 12 април, во Унгарија ќе се одржат парламентарни избори кои се оценуваат како едни од најнеизвесните и најзначајните за Европската унија оваа година. По 16 години континуирана власт на премиерот Виктор Орбан и неговата партија „Фидес“, шансите за политички пресврт се поголеми од кога било досега.Орбан во изминатите години изгради модел на таканаречена „илиберална демократија“, консолидирајќи контрола врз институциите и маргинализирајќи ја опозицијата. Неговите позиции, особено...