Божиновска на средба со „Chevron“ за диверзификација и стабилност во снабдувањето со енергенси
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба во канцеларијата на Chevron Corporation во Вашингтон, посветена на унапредување на енергетската соработка и обезбедување стабилно и диверзифицирано снабдување со нафта и течен природен гас (LNG). На состанокот, покрај присутните во Вашингтон, онлајн се вклучија водечки претставници на компанијата , од различни делови на светот, вклучително и од Пекинг и Мадрид, што ја потврдува сериозноста и глоб...