По неколкугодишна пауза, Викторија Лоба се врати на сцената на „Макфест“ со нова песна, но и со модно издание што тешко можеше да остане незабележано. Нејзиниот настап со „Феникс“ беше проследен со впечатлива сценска креација, осмислена така што визуелно да ја надополни приказната за песната.