Општина Босилово во соработка со Црвен крст – Општинска организација Струмица, во недела, на 7 јуни, ќе ја организира културно-забавната манифестација „Златни години – Турново 2026“, која ќе се одржи пред Центарот за дневен престој за активно стареење (Домот на културата) во Турново.
Настанот ќе започне во 19:00 часот и ќе понуди богата културно-уметничка програма со настапи на познати музички и фолклорни состави од повеќе градови во државата.
Пред публиката ќе настапат Ленче Чолаковска од Ансамблот „Вања Лазарова“, КУД „Преродба 24“ од Прилеп, групите „Распеани Валандовчани“ и „Распеани Радовишани“, како и КУД „Св. Кирил и Методи“ од Иловица.
Посетителите ќе имаат можност да уживаат во староградска, етно и новокомпонирана музика, како и во изведби на традиционални македонски ора, со што ќе биде одбележана вечер посветена на зачувувањето и промоцијата на македонската културна традиција.
Организаторите ги покануваат граѓаните да присуствуваат на манифестацијата и заедно да уживаат во песната, фолклорот и дружењето во пријатна атмосфера во Турново.
The post „Златни години – Турново 2026“: Вечер посветена на македонската песна, фолклор и традиција appeared first on Radio StrumicaNet.