Дваесет и шестгодишен жител на радовишко село е уапсен под сомнение дека извршил силување врз девојче помладо од 15 години и живеел со неа во вонбрачна заедница.

Според полицијата, кривичните дела биле извршувани во текот на минатата година, па сè до завчера, во куќата на родителите на малолетничката.

Осомничениот е задржан во полициска станица и ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.

The post ЖИВЕЕЛ СО ДЕВОЈЧЕ ПОМЛАДО ОД 15 ГОДИНИ Уапсен 26-годишник од радовишко село appeared first on plusinfo.mk.