
Во десет населени места во Општина Брвеница денеска се одржува вториот круг од изборите за градоначалник. Гласањето почна во 7 часот, а избирачките места ќе бидат отворени до 19 часот.
До 11 часот на денешниот ден податоците од сите 24 избирачки места се дека излезноста изнесува 13,82 проценти, односно дека од вкупно запишаните 16.256 гласачи до 11 часот гласале 2.245 граѓани. Најголема излезност до 11 часот се забележува во избирачкото место станува 2044 (во селото Стенче), 22,12 проценти, додека најмала на избирачкото место 2047 (во Теново) каде има 5,33 проценти.
Во споредба со првиот круг излезноста во 11 часот е зголемена за 4,71 процент.
Во првиот круг, одржан на 18 октомври, учествуваа шест кандидати, но ниту еден не го освои потребното мнозинство. Тогаш на гласање излегоа 7.565 граѓани, односно 46,56 проценти од запишаните избирачи. Најмногу гласови освоија кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ.
За победник во вториот круг ќе биде прогласен кандидатот кој ќе добие поголем број гласови. Доколку и по вториот круг не биде избран градоначалник, од кои било причини, Општинската изборна комисија во рок од 15 дена ја известува Владата.