Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец.

Минималната температура најниско ќе се спушти во Маврово, до 7 степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија и во Демир Капија, со дневна температура до 35 степени Целзиусови.

 

Фото: УХМР

 

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 12 степени наутро до 32 степени во текот на денот.

Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност во текот на денот.

Во понеделник се очекува повремен локален дожд и наместа услови за појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.

Фото: УХМР

The post ЖЕШТИНИТЕ СЕ ВРАЌААТ ОД ПАУЗА Сончево и топло време, зачинето со облачиња и со ветер appeared first on plusinfo.mk.