Она што соседите во американскиот град Белвју, во сојузната држава Вашингтон, со месеци го сметале за обична куќа со неконтролирани забави, се претворило во шокантна истрага за трговија со луѓе и сексуална експлоатација.По бројни поплаки за гласна музика, блокирани улици и постојани забави, полицијата извршила рација во луксузна вила и открила докази кои, според истражителите, укажуваат дека објектот функционирал како место за производство на содржина за возрасни за платформите OnlyFans и Chaturbate.При претресот биле пронајдени повеќе од 300 мобилни телефони, над 50 лаптопи, бележник со имиња на жени и нивната заработка, табла со натпис „План за содржина“, финансиска документација и повеќе луксузни возила.Според судските документи, неколку жени изјавиле дека биле намамени со ветувања за заработка од илјадници долари месечно, но подоцна им бил оневозможен пристапот до нивните сметки и не можеле да располагаат со парите што ги заработиле.Тие тврдат дека биле принудувани секојдневно да поминуваат најмалку осум часа во комуникација со „обожаватели“, а дополнително да снимаат видеосодржина. Кога одбивале да ги исполнат барањата, наводно биле заплашувани, тепани и физички ограничувани.За време на акцијата бил уапсен еден маж поврзан со истрагата, за кого е одредена кауција од пет милиони долари. Тој треба да се појави пред суд, додека истрагата за случајот продолжува.Жени во Америка биле затворени во вила и принудувани да снимаат содржина за OnlyFans
Она што соседите во американскиот град Белвју, во сојузната држава Вашингтон, со месеци го сметале за обична куќа со неконтролирани забави, се претворило во шокантна истрага за трговија со луѓе и сексуална експлоатација.По бројни поплаки за гласна музика, блокирани улици и постојани забави, полицијата извршила рација во луксузна вила и открила докази кои, според истражителите, укажуваат дека објектот функционирал како место за производство на содржина за возрасни за платформите OnlyFans и Chatur...
Она што соседите во американскиот град Белвју, во сојузната држава Вашингтон, со месеци го сметале за обична куќа со неконтролирани забави, се претворило во шокантна истрага за трговија со луѓе и сексуална експлоатација.По бројни поплаки за гласна музика, блокирани улици и постојани забави, полицијата извршила рација во луксузна вила и открила докази кои, според истражителите, укажуваат дека објектот функционирал како место за производство на содржина за возрасни за платформите OnlyFans и Chaturbate.При претресот биле пронајдени повеќе од 300 мобилни телефони, над 50 лаптопи, бележник со имиња на жени и нивната заработка, табла со натпис „План за содржина“, финансиска документација и повеќе луксузни возила.Според судските документи, неколку жени изјавиле дека биле намамени со ветувања за заработка од илјадници долари месечно, но подоцна им бил оневозможен пристапот до нивните сметки и не можеле да располагаат со парите што ги заработиле.Тие тврдат дека биле принудувани секојдневно да поминуваат најмалку осум часа во комуникација со „обожаватели“, а дополнително да снимаат видеосодржина. Кога одбивале да ги исполнат барањата, наводно биле заплашувани, тепани и физички ограничувани.За време на акцијата бил уапсен еден маж поврзан со истрагата, за кого е одредена кауција од пет милиони долари. Тој треба да се појави пред суд, додека истрагата за случајот продолжува.