Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера околу 12:40 часот лишиле од слобода 40-годишна жена од гостиварско село.
Полицијата постапила по претходна пријава од нејзиниот 52-годишен сопруг, кој навел дека околу 07:30 часот, по кратка расправија во семејниот дом, жената физички го нападнала, при што била оштетена и дел од покуќнината, како и неговиот мобилен телефон.
Од СВР Тетово информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
The post Жена од Гостивар по расправија го натепала сопругот, му го скршила телефонот и дел од покуќнината appeared first on Прва Скопска ТВ.