Земјотрес со магнитуда од 4,3 степени според Рихтеровата скала денеска напладне е регистриран на грчкиот остров Крит.Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), потресот се случил во 12:03 часот, а епицентарот бил на околу 150 километри југоисточно од Ираклион. Хипоцентарот бил на длабочина од околу 10 километри.Засега нема информации за материјална штета или повредени лица. Надлежните служби ја следат состојбата.