Умерен земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово на морското дно во близина на Ровињ, соопшти Одделот за геофизика на Природно-математичкиот факултет во Загреб.

„Утрово, во 3.05 часот, сеизмографите на Сеизмолошката служба на Република Хрватска регистрираа умерен земјотрес на морското дно на северниот Јадран, 11 километри западно-југозападно од Ровињ. Јачината на земјотресот беше 3,4 степени според Рихтеровата скала“, соопшти Одделот за геофизика.

Текстот Земјотрес со јачина од 3,4 степени по Рихтер во морето во близина на Ровињ е превземен од А1он.