Генералното собрание на Заедница на единиците на локалната самоуправа денеска ќе одржи седница на која ќе се разговара за актуелните предизвици со кои се соочуваат општините, како и за активностите на организацијата насочени кон унапредување на локалната самоуправа.

На втората седница на Генералното собрание ќе бидат разгледани и извештаите за работењето на ЗЕЛС, како и досегашните активности поврзани со застапувањето на интересите на општините и нивниот понатамошен развој.

Генералното собрание е највисокото тело на ЗЕЛС и брои вкупно 90 делегати. Во него членуваат сите градоначалници во државата, како и девет претставници од Комитетот на советите при ЗЕЛС, тело составено од општински советници.

По завршувањето на седницата, за донесените заклучоци и резултатите од расправата пред медиумите ќе се обрати претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

The post ЗЕЛС со седница посветена на развојот на локалната самоуправа appeared first on Скопско ЕХО.