Украинскиот претседател Володимир Зеленски во сабота ќе ја посети Турција, каде што во Истанбул ќе разговара со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за војната со Русија и безбедносната состојба во Црното Море, соопшти турското претседателство.Како што објави директорот за комуникации на турското претседателство, Бурханетин Дуран, разговорите ќе бидат насочени кон унапредување на билатералната соработка меѓу Турција и Украина, но и кон регионалните и меѓународните случувања, вклучително и рус