Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се подготвува за дополнителна мобилизација во Русија и за проширување на војната, повикувајќи на засилен меѓународен притисок врз Москва.Изјавата ја даде на заедничката прес-конференција со ирскиот премиер Мајкл Мартин, кој денеска престојува во официјална посета на Киев.„Разговаравме за заканите и реалните предизвици што нè очекуваат пред есента, кога Путин, според нашите информации, подготвува нови напади