
Откако го изговорија судбоносното „да“ во Лондон минатата недела, Дуа Липа и Калум Тарнер одлетаа за Италија. За главната, тридневна свадбена прослава, тие ја избраа Сицилија и една од најпознатите вили на островот.
Граѓанската венчавка на славниот пар се одржа на 31 мај во лондонската општина „Олд Мерилебон“, опкружена со семејството и најблиските пријатели. За таа пригода, британската пејачка носеше креација од високата мода од модната куќа „Скијапарели“, инспирирана од стилот на Бјанка Џегер.
Но, големата прослава допрва доаѓа. Двојката го избра барокниот имот Вила Валгуарнера за раскошната прослава, која се одржува од 5 до 7 јуни. Луксузната тридневна свадба на Дуа Липа во Палермо, вредна околу 1,5 милиони евра, според пишувањето на странските медиуми, предизвика гнев кај локалните жители откако два градски плоштади беа затворени поради свадбената прослава.
Улиците околу местото на венчавката на пејачката Дуа Липа и британскиот актер Калум Тарнер денеска се затворени, а воведени се и строги безбедносни мерки, додека граѓаните го изразија своето незадоволство со лепењето улични постери во центарот на градот со пораките – „Нашиот плоштад не е вашата дневна соба“, „Палермо не е на продажба“, „Палермо не е за богатите“ и „Слобода на движење“.
Плоштадите Санта Ана и Кроче деи Веспри се затворени за сообраќај, а пристапот е дозволен само за персоналот и гоститее. Жителите на погодените подрачја потпишаа договори за доверливост кои забрануваат објавување фотографии и видеа од настанот на социјалните медиуми, како и претходно објавување на бројот на гости во нивните домови.
Во Багерија, каде што ќе се одржи свадбениот прием, полицијата постави бариери, додека градската управа забрани паркирање на неколку улици, со што практично целата област стана недостапна за граѓаните од 4 до 8 јуни.
Галеријата за модерна уметност ќе биде затворена за јавноста од 14 часот, додека гостите на венчавката ќе можат слободно да ја посетат.
Двојката пристигна во Сицилија вчера за да се венча по вторпат овој викенд, откако неодамна се венчаа во Лондон. Сепак, пејачката наиде на протести од жителите кои ја обвинуваат дека го претворила нивниот град во „дневна соба“ за нејзините богати пријатели.
Подготовките продолжија утрово со поставување мали ламби на балконите, проверка на микрофоните и затворање на патиштата. Славните гости синоќа почнаа да пристигнуваат во Сицилија, меѓу кои беа видени Чарли Екс-Си-Екс и Тејм Импала.