Со свечено испраќање од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во скопската населба Горно Лисиче, околу 40 коњаници и коњанички денеска го започнаа 48. Традиционален Илинденски коњички марш кон Крушево, продолжувајќи ја долгогодишната традиција посветена на чествувањето на Илинден и на македонските херои.

По свеченото тргнување, учесниците продефилираа низ Општина Аеродром, а првата дестинација на нивното патување вечерва е населбата Долно Лисиче. Утре маршот продолжува кон Петровец и Велес.

Според предвидената маршрута, на 31 јули коњаниците од Горно Лисиче ќе им се придружат на учесниците од Свети Николе, Кичево и Битола, испраќајќи порака за единство, почитување на традицијата и зачувување на македонското историско наследство.

Крајната дестинација на маршот е Крушево, каде што на 2 Август – Илинден, коњаниците ќе учествуваат во централната прослава по повод големиот државен празник.

The post Започна 48. Традиционален Илинденски коњички марш кон Крушево appeared first on Скопско ЕХО.