Пожарникарите од ТППЕ Струмица денеска интервенираа при пожар на приколка од камион на регионалниот пат Струмица–Валандово.
Според информациите од ТППЕ Струмица, интервенцијата била извршена во 14:20 часот, при што на терен биле ангажирани две противпожарни возила и пет пожарникари-спасители.
Пожарот зафатил приколка од камион, а благодарение на брзата реакција на пожарникарите бил локализиран и целосно изгаснат кратко време по пристигнувањето на местото на настанот.
Во пожарот нема информации за повредени лица, а причините за неговото избувнување засега не се соопштени.
The post Запалена приколка од камион на патот Струмица–Валандово, пожарникарите брзо го изгаснаа пожарот appeared first on Radio StrumicaNet.