
Боледувањето на градоначалникот на Карпош Сотир Лукровски е продолжено велaт од Општината, а од Инспекторатот за труд изјавија дека контрола за отсуството на Лукровски од работното место ќе направат во текот на денешниот или утрешниот ден.
-Лукровски не е на работа, бидејќи боледувањето му е продолжено. Тоа е информацијата што јас ја имам, изјави заменик градоначалникот на Општина Карпош Неделчо Крстевски за „Локално“.
Тој за заменик беше назначен од актуелниот градоначалник Лукровски откако замина на боледување, инаку е избран советник во Советот на општината.
Порашениот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски вчера побара Државниот инспекторат да направи контрола за отсуството на Лукровски. Според Јакимовски на Лукровски боледувањето му е истечено на 30 мај и дека не му е продолжено. Тој изјави дека согласно законот за работни односи по три дена неоправдано отсуство од работа следи отказ без отказен рок, но дека Законот за работни односи важи за останатите вработени не и за ВМРО-ДПМНЕ.

Фото: Општина Карпош
-Сотир Лукровски може да отсуствува од работа доколку е на службен пат, годишен одмор или доколку е на боледување. Тој ниту е на службен пат, не е на годишен одмор ниту пак докторите повеќе сакаат да му дадат боледување, соопшти вчера екс градоначланикот на Карпош, Стевчо Јакимовски.
Од Инспекторатот за труд за „Локално“ изјавија дека претставка до нив за боледувањето на Лукровски уште не е стигната, но дека може да проверат и по допрен глас.
-Сѐ уште не постапено по барањето за контрола за градонаќалникот Лукровски, ќе постапиме во текот на денешниот или утрешниот ден, изјавија од Државниот инспектрат за труд.
Претходно Јакимовски тврдеше дека Лукровски на два наврати дал оставка, но дека од партијата на власт не ја прифаќаат и дека неговото отсуставо го правдаат со лажно боледување. Тој ги повика надлежните да му го проверат боледувањето.

Фото: Принтскрин/Јутјуб/Тв Канал 5
Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски на прашањето дали ќе му го провери боледувањето, изјави дека тоа може да го напарави само по барање на работодавачот и дека такво барање досега нема.
На прашањето дали Општина Карпош ќе побара да се провери боледувањето на Лукровски, неговиот заменик изјави:
-Не е побарано да му се проверува боледувањето, бидејќи му е продолжено. Некој што вели дека е лажно, може и натаму да зборува, изјави Крстевски.
Неофицијално од Фондот за здравство дознаваме дека комисиско боледување на Лукровскки, не е продолжено.
Е.Б.