13-годишно момче загина за време на прославата на победата на Шпанија во финалето на Светското фудбалско првенство во градот Сиудад Родриго, 320 километри северозападно од Мадрид, кога се урна фонтана полна со навивачи.

Пресреќни тинејџери синоќа влегоа во фонтаната, а некои се искачија во горното корито и мавтаа со шпански знамиња.

Од тежината горниот дел од структурата се урна и падна врз неколку луѓе.

 

Две лица беа згрижени во здравствен центар во Сиудад Родриго, вклучувајќи го и детето кое таму почина од повредите.

Градската власт прогласи тридневна жалост.


Шпанија ја победи Аргентина со 1-0 во финалето на Светското првенство што се играше во Њу Џерси, САД, во недела навечер. Навивачите низ цела Шпанија синоќа ја славеа титулата на улиците и на плоштадите.

The post ЗАГИНА ДЕТЕ ПРИ ПРОСЛАВАТА ВО ШПАНИЈА Се урна фонтана преполна со тинејџери appeared first on plusinfo.mk.