Забраната за пиење и користење на водата за домашни потреби во Крушево сè уште останува во сила, откако Центарот за јавно здравје од Прилеп утврди дека водата е бактериолошки неисправна.
Од Центарот информираат дека забраната ќе важи сè додека не бидат добиени три последователни примероци со исправни резултати од анализите, по што ќе може да се донесе одлука за повторно користење на водата.
Од Јавното претпријатие „Комуна“ – Крушево посочија дека причината за проблемот е прекин во функционирањето на системот за хлорирање, кој настанал поради прекин во снабдувањето со електрична енергија.
Проблемите со водоснабдувањето во Крушево, според локалните власти, траат подолг период, а од претпријатието апелираат јавноста дополнително да не се вознемирува додека траат процедурите за проверка и стабилизирање на состојбата.
Надлежните институции продолжуваат со следење на квалитетот на водата и спроведување на потребните анализи за утврдување на нејзината исправност.
The post Забраната за пиење вода во Крушево останува, се чекаат нови анализи appeared first on Прва Скопска ТВ.