
ЗАБОРАВЕТЕ ГО МИКОНОС! Ова е скриен грчки остров што ги воодушевува туристите – тука времето застанало, а магијата сè уште живее (ВИДЕО)
Додека милиони туристи секое лето се борат за место на преполните плажи на Миконос и Санторини, постои едно грчко острово кое тивко ги освојува срцата на оние што бараат мир, автентичност и вистинско медитеранско доживување. Станува збор за Тинос – скриен бисер на Кикладите, кој сè почесто се најдува на листата на најпосакувани дестинации за патниците што сакаат да ја запознаат Грција без гужви и туристички метеж.
