СДСМ бара итно да се направат анализи на водата во сите населени места во Македонија, а резултатите веднаш и целосно да бидат објавени пред јавноста, a за труењето на граѓаните мора да има кривична одговорност, посебно откако власта призна дека постои и ризик од хепатит А и Е и од други заразни заболувања по епидимијата предизвикана од загадената вода во Гостивар.

-Не само политички, туку и кривично треба да одговараат Клековски, Андоновска, директорите на локалните центри за јавно здравје и сите што знаеле, а криеле, што не презеле мерки и не го заштитиле здравјето на граѓаните – стои во соопштението на СДСМ.

Опозициската партија смета дека граѓаните на Гостивар ја плаќаат цената затоа што, како што велат, наместо стручност, превенција и навремена реакција, добиле политички калкулации, прикривање информации и префрлање на одговорноста.

The post За труењето во Гостивар мора да има кривична одговорност, смета СДСМ appeared first on Прва Скопска ТВ.