Општина Ѓорче Петров и оваа година продолжува со мерките за поддршка на семејствата и вложувањето во образованието, обезбедувајќи сеопфатен пакет за секое прваче кое ќе ја започне новата учебна година, објави градоначалникот Александар Стојкоски.
Мерката предвидува секое прваче да добие бесплатен училишен ранец со училишен прибор, финансиска поддршка во износ од 3.000 денари, како и бесплатна училишна ужинка, а целта е децата да имаат еднаков и достоинствен почеток на своето образование.
Со оваа мерка, нагласи Стојкоски, општината уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон создавање еднакви можности за сите ученици и обезбедување квалитетни услови за нивниот образовен развој
The post За сите првачиња обезбедени бесплатен ранец, финансиска поддршка и ужинка за Општина Ѓорче Петров appeared first on Скопско ЕХО.