Опозициската СДСМ преку соопштение побара политичка и кривична одговорност за случајот со масовното труење на граѓаните во Гостивар, оценувајќи дека надлежните институции и здравствениот систем целосно потфрлиле во заштитата на јавното здравје.Од партијата велат дека јавноста има право да знае што точно се случило, зошто загадувањето не било спречено и каде потфрлиле институциите, посочувајќи дека загадувањето на водата, според нив, започнало на 25 јуни, а граѓаните со недели користеле контамини