Сообраќајот на државните патишта низ Македонија утрово се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, додека на граничниот премин „Богородица“ е забележана зголемена фреквенција на возила. Според АМСМ, времето на чекање за излез од државата на овој премин изнесува околу 15 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата.

The post За излез од државата на ГП „Богородица“ се чека 15 минути appeared first on Прва Скопска ТВ.