
Одлуката беше донесена со акламација, односно ја поддржаа сите 189 присутни пратеници на седницата на Парламентот.
Од следниот месец основната бруто плата на унгарските народни избраници ќе изнесува 3.690 евра. Според владејачкото мнозинство, заштедите од оваа мерка ќе бидат доволни за покривање на годишните трошоци за функционирање на Парламентот.
Со одлуката се укинува и надоместокот за мобилни телефони, а се намалуваат и парламентарните додатоци за канцеларии, станови и персонал.
Новоизбраниот премиер Петер Маѓар ја поврза реформата со мерките за фискална дисциплина и борба против корупцијата во Унгарија.
Според Ференц Биро, раководител на независен антикорупциски орган, за време на 16-годишното владеење на Виктор Орбан, корупцијата ја чинела Унгарија најмалку 186 милијарди евра.
The post ЗА 40 ОТСТО СИ ГИ СКРАТИЈА ПЛАТИТЕ Унгарските пратеници доброволно се откажаа од дел од своите примања appeared first on plusinfo.mk.