Двајца вработени на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип се осомничени дека во период од пет години незаконски менувале, бришеле и прикривале податоци во електронските индекси на студентите, со што, според Обвинителството, прибавиле материјална корист проценета на 21.000 евра. За двајцата е побаран притвор.Основното јавно обвинителство Штип поведе постапка против раководителот на Секторот за „Е-Индекс“ и вработена како референт за студентски прашања на еден од факултетите, поради сомнение дека ка