Здружението на хумани граѓани „Јорданчо Џамов“ упати покана до јавноста да биде дел од хуманитарен настан посветен на Јорданчо Џамов и загинатите ангели, кој ќе се одржи на 15 јуни во Градскиот парк во Кочани, со почеток во 19 часот.Настанот има за цел да ги обедини хуманоста, љубовта и заедништвото, а сите собрани средства ќе бидат наменети за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста“, како и за помош и поддршка на семејства од ранливи категории.Во рамките на програмата е предвидена модна ревија во соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, како и продажба на фустани, при што приходите ќе бидат донирани за хуманитарната цел на настанот.Предвидена е и музичка програма, а организаторите ги повикуваат сите граѓани да присуствуваат и заедно да испратат порака на хуманост, почит и надеж.„Ве очекуваме заедно да испратиме порака на хуманост, почит и надеж“, порачуваат пријателите и семејството на Јорданчо Џамов.Хуманитарен настан во чест на Јорданчо Џамов и загинатите ангели ќе се одржи во Кочани на 15 јуни
Здружението на хумани граѓани „Јорданчо Џамов“ упати покана до јавноста да биде дел од хуманитарен настан посветен на Јорданчо Џамов и загинатите ангели, кој ќе се одржи на 15 јуни во Градскиот парк во Кочани, со почеток во 19 часот.Настанот има за цел да ги обедини хуманоста, љубовта и заедништвото, а сите собрани средства ќе бидат наменети за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста“, како и за помош и поддршка на семејства од ранливи категории.Во рамките на програмата е предвиде...
Здружението на хумани граѓани „Јорданчо Џамов“ упати покана до јавноста да биде дел од хуманитарен настан посветен на Јорданчо Џамов и загинатите ангели, кој ќе се одржи на 15 јуни во Градскиот парк во Кочани, со почеток во 19 часот.Настанот има за цел да ги обедини хуманоста, љубовта и заедништвото, а сите собрани средства ќе бидат наменети за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста“, како и за помош и поддршка на семејства од ранливи категории.Во рамките на програмата е предвидена модна ревија во соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, како и продажба на фустани, при што приходите ќе бидат донирани за хуманитарната цел на настанот.Предвидена е и музичка програма, а организаторите ги повикуваат сите граѓани да присуствуваат и заедно да испратат порака на хуманост, почит и надеж.„Ве очекуваме заедно да испратиме порака на хуманост, почит и надеж“, порачуваат пријателите и семејството на Јорданчо Џамов.