Хрватската полиција спречила планиран напад врз двајца сезонски работници, државјани на Србија, на островот Хвар и привела 14 хрватски државјани осомничени дека се договориле да извршат кривично дело. Според хрватските медиуми, станува збор за припадници на навивачката група Торцида.Од Полициската управа Сплитско-далматинска соопштија дека полициска патрола во четврток попладне, во близина на еден хотел, забележала две возила во кои се наоѓале вкупно 14 лица. По нивната идентификација и претресот на возилата, биле пронајдени предмети погодни за напад и нанесување повреди, како и средства за прикривање на идентитетот.Во возилата биле откриени дрвени палки, телескопска палка и повеќе поткапи, односно фантомки. Сите предмети биле одземени, а 14-те лица биле уапсени.Според истрагата, 12 од осомничените претходно со глисер пристигнале од Трогир и Каштела до заливот Стинива Брушка на Хвар, каде што ги чекале уште две лица со комбе и патничко возило. Полицијата се сомнева дека планирале физичка пресметка со двајцата сезонски работници од Србија сместени во хотелот.Осомничените се на возраст меѓу 18 и 33 години и против сите ќе биде поднесена кривична пријава за договарање извршување кривично дело. Четворица од нив се предадени во притвор, додека глисерот, возилата и пронајдените предмети се привремено одземени до одлука на судот.Хрватската полиција спречи напад врз двајца работници од Србија, приведени 14 осомничени
Хрватската полиција спречила планиран напад врз двајца сезонски работници, државјани на Србија, на островот Хвар и привела 14 хрватски државјани осомничени дека се договориле да извршат кривично дело. Според хрватските медиуми, станува збор за припадници на навивачката група Торцида.Од Полициската управа Сплитско-далматинска соопштија дека полициска патрола во четврток попладне, во близина на еден хотел, забележала две возила во кои се наоѓале вкупно 14 лица. По нивната идентификација и претресо...
Хрватската полиција спречила планиран напад врз двајца сезонски работници, државјани на Србија, на островот Хвар и привела 14 хрватски државјани осомничени дека се договориле да извршат кривично дело. Според хрватските медиуми, станува збор за припадници на навивачката група Торцида.Од Полициската управа Сплитско-далматинска соопштија дека полициска патрола во четврток попладне, во близина на еден хотел, забележала две возила во кои се наоѓале вкупно 14 лица. По нивната идентификација и претресот на возилата, биле пронајдени предмети погодни за напад и нанесување повреди, како и средства за прикривање на идентитетот.Во возилата биле откриени дрвени палки, телескопска палка и повеќе поткапи, односно фантомки. Сите предмети биле одземени, а 14-те лица биле уапсени.Според истрагата, 12 од осомничените претходно со глисер пристигнале од Трогир и Каштела до заливот Стинива Брушка на Хвар, каде што ги чекале уште две лица со комбе и патничко возило. Полицијата се сомнева дека планирале физичка пресметка со двајцата сезонски работници од Србија сместени во хотелот.Осомничените се на возраст меѓу 18 и 33 години и против сите ќе биде поднесена кривична пријава за договарање извршување кривично дело. Четворица од нив се предадени во притвор, додека глисерот, возилата и пронајдените предмети се привремено одземени до одлука на судот.