Четиринаесетгодишна ученичка е уапсена откако со нож повредила двајца ученици и еден вработен во училиште во Манчестер, објавија британските медиуми.Инцидентот се случил утрово во училиштето „Co-op Academy“ во населбата Блекли, по што објектот бил привремено затворен.Според полицијата на Голем Манчестер, во нападот биле повредени 14-годишна ученичка, 14-годишен ученик и 27-годишен член на училишниот персонал. Сите тројца биле пренесени во болница, а првичните информации укажуваат дека не се здобиле со потешки повреди.Полицијата соопшти дека 14-годишната напаѓачка е уапсена под сомнение за тешко нанесување телесни повреди и се наоѓа во притвор. Според истрагата, вработените во училиштето реагирале брзо и успеале да ја совладаат ученичката пред пристигнувањето на полициските службеници.Од полицијата нагласија дека не се трага по други осомничени и дека во моментов не постои дополнителна закана за учениците и за заедницата.„Разбираме дека ваков настан предизвикува загриженост кај учениците, персоналот и родителите. Нашите службеници ќе останат присутни во училиштето и околината за да обезбедат чувство на сигурност“, изјави главниот инспектор Џон Шилвок.Истрагата за околностите под кои дошло до нападот е во тек.