ЈПКД „Комуналец“ – Струмица денеска ќе изврши хиперхлорирање, односно дезинфекција на целокупната водоводна мрежа во селото Куклиш, по интервенциите на цевководот извршени во изминатите денови.
Како што информираат од претпријатието, хиперхлорирањето е стандардна постапка за целосно прочистување на мрежата по извршени интервенции, со цел водата да биде безбедна за користење.
На жителите им се препорачува во следните четири часа да не ја користат водата за пиење и за подготовка на храна. По истекот на овој период, водата ќе може повторно да се користи вообичаено.
За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 13-110.
The post Хиперхлорирање на водоводната мрежа во Куклиш – водата да не се користи за пиење во следните четири часа appeared first on Radio StrumicaNet.