Парламентот во Албанија го усвои воениот договор со Соединетите Американски Држави според кој оваа држава ќе добие кредит од 302 милиони долари за да купи американска воена опрема. Сепак, пред расправата дојде до бизарна ситуација.

Имено, пред самата седница опозицискиот политичар Агрон Шехај украде документ од една просторија, кој во тој момент им беше достапен само на челниците на владата.

Откако успеа да дојде до документот, започна потера низ ходниците на парламентот, а најлошо помина секретарката која, во обид да го запре Шехај, падна низа скали.

Опозицискиот пратеник веднаш се сврте и провери дали е сè во ред со секретарката, која бараше да го врати документот што го зеде.

Откако дојде до оваа ситуација, лидерот на владејачката Социјалистичка партија во парламентот, Таулант Бала, побара Шехај да биде уапсен поради кражба на тајни документи.

Од друга страна, Шехај негираше каква било одговорност, велејќи дека документот не ги напуштил просториите на парламентот.

На крајот владејачката партија го усвои договорот со САД, а опозициските пратеници го бојкотираа гласањето со тврдење дека целиот процес бил спротивен на Уставот на Албанија.