Опозициската СДСМ повторно предупреди дека државата е пред банкрот и нагласи дека премиерот „Ханс Христијан Мицкоски шири Приказни за мали деца. Бајки, а ги празни државните претпријатија за да го покрие „долгот што самиот го направил“.
СДСМ потсетува дека парите за враќање на кинескиот кредит се земени од МЕПСО, од МНАВ и од Лотарија, јавни претпријатија кои се задолжени кај домашните банки.
-Зема заем за да врати заем. Претурање од шупливо во празно. Коцкарска техника. Таква е и економијата. За две години ја задолжија земјата со 2,5 милијарди евра. Кој знае колку дополнително се задолжени јавните претпријатија, реагира СДСМ.
The post Ханс Христијан Мицкоски шири бајки за мали деца, велат од СДСМ appeared first on Скопско ЕХО.