Хакерски напади врз системите за управување со фрижидери и други уреди за ладење во супермаркети предизвикаа загриженост во Италија, каде што денеска е предвиден итен состанок со учество на надлежните државни служби.Напади биле пријавени во шест продавници на Сицилија, како и во угостителска компанија во Тоскана и производител на замрзната храна во Емилија-Ромања. Генералниот директор на групацијата „Кооп Раденца“, Џузепе Спадаро, потврдил дека најмалку четири супермаркети од нивниот синџир на С