
Повеќе од 70 продавници и супермаркети во Белгија, Луксембург и во Шведска синоќа беа мета на хакерски напад, при кој е зголемена температурата на фрижидерите и замрзнувачите, а храната е фрлена за да се избегнат безбедносни ризици, соопштија денеска претставниците на трговските синџири.
Системите за ладење биле нарушени во повеќе од 40 супермаркети „Делиз“ во Белгија и Луксембург, а слични проблеми пријавија и малопродажните синџири „Карфур“ и „Спар“ во дваесетина нивни супермаркети.
Извршниот директор на ладилниците „Сабкобел“, Стефан Моланс наведе дека хакерите од далечина ги префрлиле испарувачите на системот во режим на одмрзнување, што предизвикало загревање на фрижидерите.
– Ги мобилизиравме техничарите во еден часот по полноќ за да ја ставиме ситуацијата под контрола. Работевме цела ноќ и до утрото, за да ги исклучиме погодените инсталации од мрежата – изјави Моланс, додавајќи оти некои продавници морале да фрлаат производи.
И во Шведска била зголемена температурите во фрижидерите и замрзнувачите во некои продавниците. Неколку продавници на „Ици“ утрово објавија на социјалните мрежи дека нивните фрижидери и замрзнувачи биле хакирани, а артиклите биле уништени.
Во централна Шведска 6 продавници на „Коп“ исто така, пријавиле дека биле цел на хакери кои ги покачиле температурите во нивните фрижидери и замрзнувачи.
Сличен инцидент се случи во Франција на 12 октомври, кога стотици продавници беа цел на хакери, кои ја покачија температурата во замрзнувачите и во фрижидерите на 50 степени Целзиусови. Канцеларијата на парискиот обвинител тогаш соопшти дека „голем“ кибернапад ги погодил мрежно поврзаните ладилници во неколку големи продавници за храна низ цела Франција.
The post ХАКЕРИ ГИ СТОПЛИЈА ФРИЖИДЕРИТЕ ВО МАРКЕТИ ВО БЕЛГИЈА, ЛУКСЕМБУРГ И ВО ШВЕДСКА Фрлена е храна за да се избегне ризик appeared first on plusinfo.mk.