
„Што се однесува до БИА (Безбедносно-информативната агенција), добив писмено известување, секако дека не разговарав за тоа со Кошта. Одам во Црна Гора, многу е важно да ја претставувам Србија. За другите работи ќе зборувам во Црна Гора, во лице ќе им кажам за сите тие игри што ги играат, каде што Србија е претставена како мала Русија, а тие се како загрозените балтички земји. Не се плашам да ја зборувам вистината“, изјави Вучиќ.
Да потсетиме, Безбедносно-информативната агенција (БИА) официјално го предупреди Вучиќ да не патува во Црна Гора поради безбедносни процени кои укажуваат на потенцијален ризик по неговата сигурност.
„Не знам за кого е тоа толку голема тајна дека Звицер се крие во Црна Гора, тоа сите го знаат. Кога доаѓаат такви големи собири, тие одат, ја апсат левата папуча и нараквицата на неговата сопруга и велат – сега ја завршивме работата. Не е тоа ниту прв, ниту последен пат. Не гледам никаков проблем, јас им дадов збор и на Урсула фон дер Лајен и на Антонио Кошта дека ќе одам во Тиват, и одам во Тиват. Почекајте до вечерва, ќе зборувам многу повеќе. Немам страв да кажам што мислам, а имам многу што да кажам, па ќе дознаете какви беа тие хибридни закани, на пример на 15 март, и кои сè лица беа тука во обид да го урнат државниот поредок, па ниту беа уапсени, ниту протерани. На народот и на граѓаните на Црна Гора им посакувам сè најдобро и секогаш ќе ги доживуваме како браќа и сестри, а власта – тоа е нешто друго“, додаде Вучиќ.