
Лидерот на опозициската СНС, Александар Вучиќ во гостување на „Информер“ го коментирал отстранувањето на неговите фотографии од институциите во Србија, тврдејќи дека политичките противници „не само што се плашат од него, туку и од неговиот лик и дека го мразат затоа што никогаш не живееле подобро“.
„Тие не можат да го победат мојот резултат. Не можат да ги победат патиштата и железниците, научните и технолошките паркови што ги изградив. Не можат да ја победат мојата храброст, мојата гордост и моето достоинство“, рекол Вучиќ.
Тој додал дека тие покажуваат дека не само што се плашат од него, туку и од неговиот лик.
По изборите, на социјалните мрежи се појавија бројни видеа на кои се гледаат граѓани и поддржувачи на Студентската листа како влегуваат во јавни институции и претпријатија и ги отстрануваат фотографиите на Вучиќ од канцелариите на директорите. Вакви сцени биле видени во Белград, Нови Сад, Ниш, Лазаревац и други градови.
Портретот од Вучиќ бил изваден и од канцеларијата на градоначалникот на Крагуевац, Никола Дашиќ, а жителите на Кула ја извадиле неговата слика од општинската зграда. Во петокот, група луѓе влегле во канцеларијата на градоначалничката на Смедерево, барајќи нејзина оставка, а еден од нив ја симнал фотографијата на Вучиќ од ѕидот.
Во истиот разговор, Вучиќ тврдеше дека Студентската листа ги соборил институциите за пет дена и не почитувале никаков закон.
„Државата во суштина не постои во овој момент. Секој прави што сака“, кажа Вучиќ, додавајќи дека луѓето се заклучуваат во своите куќи од страв.