Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека размислува да се кандидира за премиер и дека планира да поднесе оставка од функцијата претседател на Србија.

На прашањето дали планира да поднесе оставка во следните три до четири месеци, Вучиќ за Радио Белград 1 изјави дека тоа ќе биде „можеби дури и порано“.

– И нема да им кажам на луѓето дека го скратив мојот мандат, но ќе кажам дека поднесов оставка, рече Вучиќ, додавајќи дека тоа нема да биде изненадување за никого.

Текстот Вучиќ: Размислувам да се кандидирам за премиер, планирам да поднесам оставка е превземен од А1он.