Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва порача дека заедно со своите соборци останува посветен на продолжувањето на борбата за Србија.Во објава на Инстаграм, тој истакна дека се сложни и одлучни во намерата да продолжат со своите активности.„Со своите соборци – сложни, одлучни и посветени на понатамошната борба, бидејќи, како и секогаш, се бориме за нашата Србија“, напиша Вучиќ.