Александар Вучиќ повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат со снимки од ноќно излегување во еден белградски ресторан. Иако во текот на вечерта пееше и се забавуваше со присутните, на социјалните мрежи посебно се прошири снимка на која неговото расположение, барем навидум, одеднаш се промени.

Вучиќ вечерта ја помина во белградскиот ресторан „Саванова“, познат и како „Чаци бар“, каде што беше организирано неформално дружење на кое, меѓу останатите, се собраа главниот уредник на „Информер“ Драган Ј. Вучиќевиќ и Ана Брнабиќ.

Снимките од дружењето Вучиќ ги објави на социјалните мрежи, а на нив може да се види како пее, разговара со присутните и ужива во веселата атмосфера. Во текот на вечерта се запеа и песната на Оливер Драгојевиќ „А сад адио“.

Но, додека едни го коментираа неговиот настап и доброто расположение, други се запрашаа дали во текот на вечерта испил чашка повеќе. „Ма дали е тој пијан?“, се запраша еден корисник на социјалните мрежи.

„Пијан како летва пее ‘А сад адио’, усните му се поцрнети од вино. Катастрофа на што личи човекот кој 14 години ја водеше оваа земја“, напиша друг корисник.

Посебно внимание привлече снимката што ја сподели и новинската агенција NEXTA. На неа се гледа како Вучиќ, откако учествуваше во веселбата, во еден момент замолчува и замислено се загледува пред себе.

Наглата промена на изразот на лицето не им промакна на корисниците на социјалните мрежи, кои набрзо почнаа да ја споделуваат снимката со бројни духовити коментари. Од NEXTA се нашалија дека поранешниот српски претседател изгледа како штотуку да се присетил на изборните резултати.

Снимката набрзо стана повод за низа шеги и споредби, а многумина посебно се осврнаа на замислениот израз на лицето на Вучиќ среде разиграната атмосфера.

„Филм на Кустурица“, кратко коментираше еден корисник, додека друг напиша: „Кога во градинка ќе ми кажат попара за појадок.“

Некои ја споредија глетката со стиховите од песната: „Секаде околу мене луѓе, жени… а јас како на пуст остров“, додека еден корисник едноставно порача: „Мамо, дојди земи ме.“

Посебно се прошири и споредбата со личност која по љубовно раскинување на социјалните мрежи се обидува да покаже колку добро се забавува.

„Овој човек е како лик кој по раскинувањето објавува сториња со кои покажува дека сето тоа баш добро го поднел и дека, иако сите заеднички пријатели се на нејзина страна, и тој има екипа со која може да си помине убаво во град“, стои во