Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека пред крајот на годината ќе се одржат парламентарни избори – во октомври или ноември, додека изборите за шеф на државата ќе бидат нешто подоцна.

„Не можам сам тоа да го направам. Откако владата ќе го извести парламентот, јас ги распишувам изборите“, рече Вучиќ по средбата со чешкиот премиер Андреј Бабиш, одговарајќи на прашањето кога ќе се одржат изборите.

Тој додаде дека изборите ќе се одржат во октомври или ноември, што би значело дека ќе бидат распишани во септември или октомври, изјави Вучиќ.

„Сè уште немаме точен датум, но уште минатата година кажав дека до крајот на 2026 година ќе се одржат избори и си го држам зборот, а на народот е да ја искаже својата слободна волја“, изјави претседателот на Србија.