Претседателот на Србија,Александар Вучиќ, изјави дека не стравува од резултатите на претстојните избори и оцени дека расположението кај граѓаните е поинакво во споредба од пред една година.

„Важни се само изборите и резултатот. И тие го знаат тоа, волјата на народот несомнено е поинаква отколку пред една година. Нам не ни е лесно, но ним им е многу потешко. Психолошката ситуација се промени и луѓето почнуваат да гледаат какви биле лагите. На крајот, граѓаните размислуваат за своите деца, за иднината и за себе и сакаат да имаат продолжување на нормалниот живот. Не сакаат неизвесност, без политика, план и програма“, изјави Вучиќ.

Тој најави дека изборите би можеле да се одржат во наредните три до четири месеци.

„Наскоро ќе одиме на избори, во следните три или четири месеци. Но, надлежните органи ќе донесат одлука дали изборите ќе бидат споени“, рече српскиот претседател.

Во своето обраќање, Вучиќ порача и дека не е „ничиј човек“, туку „српски човек“, додавајќи дека секогаш им пречел на странските фактори поради, како што рече, неговата политика на независност и слободарство.

Текстот Вучиќ: Наскоро одиме на избори, немам страв од изборната ноќ е превземен од А1он.