Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека кампањата за претстојните парламентарни избори ќе ја води со својот личен автомобил, обиколувајќи ги градовите и селата низ Србија. Тој изјави дека ќе бара поддршка од граѓаните за можен премиерски мандат доколку биде донесена таква одлука.

Вучиќ посочи дека по оставката од претседателската функција ќе биде дел од кандидатската листа „Единствена Србија“ на владејачката Српска напредна партија. Според неговите најави, најпрво треба да поднесе оставка Владата, по што ќе бидат распишани парламентарни избори, а тој уште кратко ќе ја извршува претседателската функција. Тој оцени дека изборите би можеле да се одржат во рок од 80 до 120 дена и повтори дека парламентарните најверојатно ќе претходат на претседателските.

Во Србија речиси две години траат масовни протести против власта со барања за борба против корупцијата и распишување нови избори. Политичката криза дополнително се продлабочи по трагедијата во Нови Сад, кога при уривање на настрешница на железничката станица загинаа 16 лица. По несреќата беше формирано студентско движење кое ги предводи протестите и најави поддршка за кандидатска листа составена од нови личности надвор од досегашната српска политика.

The post Вучиќ најави дека кампањата ќе ја води со својата „шкода“ низ Србија appeared first on Скопско ЕХО.