„Овде правеа кампања околу тие момци. Има една интересна работа. Тие момци не пречеа кога доаѓаа да помогнат во гаснењето на пожарите. Токму тие момци им ги гаснеа пожарите на Луштица, како доброволци, тогаш беа добри момци“, им изјави Вучиќ на новинарите на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват.

Тој кажа дека имал добри разговори со Емануел Макрон, Фридрих Мерц, Фон дер Лајен, Кошта…

На констатацијата на новинарката дека добил пофалби од францускиот претседател, тој истакна дека и останатите ќе го видат напредокот на Србија на европскиот пат.

„Она за што зборуваше Макрон сите го забележуваат. Србија е економска сила на Западниот Балкан. Ние овде дојдовме да разговараме со Европљаните и да завршиме добра работа“, рече тој.

Нагласи дека имал серија одлични разговори, а дека дури претстојат разговори со полскиот, ирскиот и холандскиот премиер, како и со австрискиот канцелар.

На прашањето од хрватските новинари, Вучиќ рече однесите секогаш имаат простор за напредок.

„Односите не се баш најдобри, верувам дека јас би имал што да кажам, но и вашите политичари исто така. Секогаш има место за напредок во односите“, додаде тој.

Тој порача дека пријателската рака секогаш ќе биде подадена кон народот на Црна Гора.

„Нема никаков сомнеж, луѓето во Црна Гора се наши сестри и браќа. Може некој да пишува што сака по ѕидовите, обично на тарабите пишува сешто, па никој не се залетува. За оние кои се загрижени дали некого ќе пуштаме или не – синоќа разговарав со луѓето од безбедносните служби, нашиот братски народ од Црна Гора е добредојден во Србија. А тоа што некои се обидоа да направат корист за себе и да си го подигнат значењето со напади врз Србија – тоа зборува за нив, а многу малку за нас“, нагласи Вучиќ.