
„Само погледнете го нашето опкружување, а нема да зборувам за големите сили. Вака, со вложување во војската, ние си го чуваме своето небо, својата земја и никој нема да се дрзне да нè нападне. Ние некогаш можевме да срушиме два или три агресорски авиони, а денес никој не би можел да ја нападне Србија без да претрпи стопати поголеми загуби“, изјави Вучиќ, како гостин на изборното собрание на Партијата на обединетите пензионери, земјоделци и пролетери на Србија – Солидарност и правда (ПУПС).
„Ете, чисто да знаете колку е Србија посилна и колку се времињата поинакви“, додаде тој.
Вучиќ им порача на претставниците на ПУПС дека верува оти на изборите ќе излезат заедно и дека „наспроти огромните предизвици, бројните притисоци однадвор и досега невидените притисоци однатре – ќе успеат да победат и да продолжат со започнатите промени“.
„Некогаш оние што се бројчано помали имаат поголеми идеи и тоа не можете веднаш да го спознаете, но ние секогаш сме се труделе да имаме коректен однос и да го пружиме барем она најмалкото што е потребно за партнерот да биде задоволен од нашиот однос“, наведе Вучиќ.
На изборното собрание, Милан Кркобабиќ повторно беше избран за претседател на ПУПС.