Македонската универзитетска карате репрезентација продолжува со одличните настапи на Светската универзијада во Бразилија, каде што и вториот натпреварувачки ден донесе нов медал за нашата селекција.Младиот каратист на Макпетрол, Вукашин Јовановиќ, во категоријата до (-67 кг), денеска беше брилијантен. Тој обезбеди пласман во големото финале и најмалку сребрен медал, откако во полуфиналната борба оствари импресивна победа над еден од фаворитите во категоријата, натпреварувачот од Иран.Со овој резултат, Јовановиќ ќе се бори за златниот медал, а воедно го обезбеди и второто одличје за Македонија на шампионатот, по успехот остварен на првиот натпреварувачки ден.Во групната фаза тој имаше три задолжителни борби и потоа четвртфинале и полуфинале:Вукашин Јовановиќ – Мартин Густаво, Чиле 7-0Вукашин Јовановиќ – Вала Хосеин, Иран 5-5Вукашин Јовановиќ – ЧумВонг Сирапат, Тајланд 3-0Вукашин Јовановиќ – Цабело Саморан, Шпанија 8-0Вукашин Јовановиќ – Вала Хосеин, Иран 8-4Македонските каратисти и денеска покажаа висок квалитет и конкурентност. Дури четворица наши репрезентативци успешно ја поминаа групната фаза од натпреварувањето и се пласираа во четвртфиналето, каде што, за жал, беа запрени во борбите за медал.Данило Божовиќ (-84 кг) и Љупче Михајлов (-75 кг) оставија многу силен впечаток. Тие имаа по неколку победи, ја поминаа групната фаза, влегоа во вториот круг, но не успеаја да стигнат до полуфиналните борби и да обезбедат медал.Натпреварите продолжуваат и во наредните денови, а македонската експедиција останува во игра за нови високи пласмани и медали на најголемиот светски универзитетски спортски настан. Утре настапуваат машкиот и женскиот кумите тим.Втор медал за Македонија на Светската универзијада во Бразилија
Македонската универзитетска карате репрезентација продолжува со одличните настапи на Светската универзијада во Бразилија, каде што и вториот натпреварувачки ден донесе нов медал за нашата селекција.Младиот каратист на Макпетрол, Вукашин Јовановиќ, во категоријата до (-67 кг), денеска беше брилијантен. Тој обезбеди пласман во големото финале и најмалку сребрен медал, откако во полуфиналната борба оствари импресивна победа над еден од фаворитите во категоријата, натпреварувачот од Иран.Со овој рез...
Македонската универзитетска карате репрезентација продолжува со одличните настапи на Светската универзијада во Бразилија, каде што и вториот натпреварувачки ден донесе нов медал за нашата селекција.Младиот каратист на Макпетрол, Вукашин Јовановиќ, во категоријата до (-67 кг), денеска беше брилијантен. Тој обезбеди пласман во големото финале и најмалку сребрен медал, откако во полуфиналната борба оствари импресивна победа над еден од фаворитите во категоријата, натпреварувачот од Иран.Со овој резултат, Јовановиќ ќе се бори за златниот медал, а воедно го обезбеди и второто одличје за Македонија на шампионатот, по успехот остварен на првиот натпреварувачки ден.Во групната фаза тој имаше три задолжителни борби и потоа четвртфинале и полуфинале:Вукашин Јовановиќ – Мартин Густаво, Чиле 7-0Вукашин Јовановиќ – Вала Хосеин, Иран 5-5Вукашин Јовановиќ – ЧумВонг Сирапат, Тајланд 3-0Вукашин Јовановиќ – Цабело Саморан, Шпанија 8-0Вукашин Јовановиќ – Вала Хосеин, Иран 8-4Македонските каратисти и денеска покажаа висок квалитет и конкурентност. Дури четворица наши репрезентативци успешно ја поминаа групната фаза од натпреварувањето и се пласираа во четвртфиналето, каде што, за жал, беа запрени во борбите за медал.Данило Божовиќ (-84 кг) и Љупче Михајлов (-75 кг) оставија многу силен впечаток. Тие имаа по неколку победи, ја поминаа групната фаза, влегоа во вториот круг, но не успеаја да стигнат до полуфиналните борби и да обезбедат медал.Натпреварите продолжуваат и во наредните денови, а македонската експедиција останува во игра за нови високи пласмани и медали на најголемиот светски универзитетски спортски настан. Утре настапуваат машкиот и женскиот кумите тим.