ВРЕДИ порача дека економскиот развој не треба да се темели на ветувања, туку на конкретни мерки кои ги поттикнуваат инвестициите, го поддржуваат приватниот сектор и отвораат нови работни места.Во партиското соопштение се наведува дека министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, ги повикал сите компании што ги исполнуваат условите од Законот за финансиска поддршка на инвестиции навремено да аплицираат и да ја искористат помошта што ја нуди државата.Според ВРЕДИ, законските мерки овозможуваат финансиска поддршка за вложувања во нови производствени капацитети, набавка на опрема и современи технологии, отворање нови работни места, како и реализација на проекти од областа на истражувањето и развојот. Целта е да се зголеми конкурентноста на компаниите и да се создаде посилна и подинамична економија.Од коалицијата посочуваат дека ќе продолжат да ги поддржуваат претприемништвото, семејните бизниси и младите иноватори, при што приоритет остануваат инвестициите, намалувањето на административните бариери и создавањето услови младите својата иднина да ја градат во државата.„Поддршката на приватниот сектор не е само економска политика, туку инвестиција во благосостојбата на граѓаните и долгорочниот развој на државата“, наведуваат од ВРЕДИ.ВРЕДИ: Компаниите да ја искористат државната поддршка за нови инвестиции и вработувања
ВРЕДИ порача дека економскиот развој не треба да се темели на ветувања, туку на конкретни мерки кои ги поттикнуваат инвестициите, го поддржуваат приватниот сектор и отвораат нови работни места.Во партиското соопштение се наведува дека министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, ги повикал сите компании што ги исполнуваат условите од Законот за финансиска поддршка на инвестиции навремено да аплицираат и да ја искористат помошта што ја нуди државата.Според ВРЕДИ, законските мерки овозможуваат ф...
ВРЕДИ порача дека економскиот развој не треба да се темели на ветувања, туку на конкретни мерки кои ги поттикнуваат инвестициите, го поддржуваат приватниот сектор и отвораат нови работни места.Во партиското соопштение се наведува дека министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, ги повикал сите компании што ги исполнуваат условите од Законот за финансиска поддршка на инвестиции навремено да аплицираат и да ја искористат помошта што ја нуди државата.Според ВРЕДИ, законските мерки овозможуваат финансиска поддршка за вложувања во нови производствени капацитети, набавка на опрема и современи технологии, отворање нови работни места, како и реализација на проекти од областа на истражувањето и развојот. Целта е да се зголеми конкурентноста на компаниите и да се создаде посилна и подинамична економија.Од коалицијата посочуваат дека ќе продолжат да ги поддржуваат претприемништвото, семејните бизниси и младите иноватори, при што приоритет остануваат инвестициите, намалувањето на административните бариери и создавањето услови младите својата иднина да ја градат во државата.„Поддршката на приватниот сектор не е само економска политика, туку инвестиција во благосостојбата на граѓаните и долгорочниот развој на државата“, наведуваат од ВРЕДИ.